Во медиумот кој го контролирате и официјалниот сајт на Општина Гевгелија кој е и мој,за што плаќам данок,се повикувате на шпекулации,сакам да те прашам од кога ? почнавте да одговарате на "измислени шпекулации"(од ваша страна т.е од службите на Општина Гевгелија ) .Дојди господине градоначалник во РТГ во живо пред граѓаните на Гевгелија да одговориме СО ЧИИ ПАРИ е купена зградата на РТГ.Дојди да одговориме на сите шпекулации за тоа "кој се се стрви" на зградата и од ваша и од друга страна.Викни го и новинарот од Радио Гевгелија,кој е платен со неколку иљадаркички,за да ви го држи микрофонот.Се надевам дека не сум понеубав од Јанко и Миленко.Веројатно нема да бидам прикладно облечен како тебе (бидејќи 6 години не сум земал плата од мојот еснаф).Во една прилика кога ви беше кажано дека вработените во РТГ 3 години одат на работа и не земале плата ги нарековте,цитирам : "KOJ E TOJ БУДАЛА ДА ОДИ НА РАБОТА,А ДА НЕ ЗЕМА ПЛАТА".Треба да знаеш и да одговориш пред граѓаните на Гевгелија со што се залагавте за вработените на РТГ,на кој им беше поставен В.Д Директор од Општината.Дојди во РТГ со исклучиво отворени телефони,а не со однапред напишани прашања,на кои сте навикнати само на такви да одговарате.Не обидувајте се да одговорите "политички" дека РТГ не постои.Доколку сакате јас ќе ви овозможам технички услови тоа да се случи.Таму ќе има многу што да те прашам и се надевам дека емисијата нема да заврши вака.